Ректорот на Универзитетот во Приштина, Ибрахим Гаши поднесе оставка по тридневните протести и судирите меѓу полицијата и студентите.
Студентите обвинуваат дека Гаши заедно со останатите вработени ја злоупотребуваат оваа образовна институција.
Гаши кој е назначен за ректор од страна на владејачката коалиција, вчера даде изјава на државната телевизија РТК, обвинувајќи ги за случувањата опозициските партии во Косово.
Демонстрантите го обвинуваат ректорот на Универзитетот и десетици други вработени дека објавувале истражувачки трудови во странски списанија. Полицијата во петокот се судри со демонстрантите во Приштина, при што десетици лица беа повредени.