Утрово во земјава пристигнаа 200 000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Вакцините се купени во директни преговори со производителот.
Со пристигање на вкупно 200.000 вакцини на „Синофарм“, по велигденските празници и официјално ќе започне масовна имунизација на населението.
Според пресметките на здравствените власти досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани, а надлежните уверуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви.
Светската здравствена организација најави дека планира наскоро да донесе одлука за итно одобрување на кинески вакцини против ковид-19 на „Синофарм“ и „Синовак“.
Списокот на вакцини одобрени од СЗО се смета за потврда за нивната ефикасност и безбедност.