Восочните фигури на Александар Македонски, мајка му Олимпија и татко му Филип II, пристигнаа од Русија во новиот Археолошки музеј, пренесува Телеграф.
Како дел од вкупно 15-те восочни фигури, ќе бидат изложени во специјалната поставка во Археолошкиот музеј, чие отворање ќе се биде наскоро, информира директорката на музејот, Весела Честоева.
Според неа, карактеристично е што тие се изработени во природна големина. Покрај нив, како восочни фигури во Археолошкиот музеј, ќе бидат изложени и Аристотел, Флавиј, цар Самуил, Крале Марко.
-Изложбата во музејот ќе биде како бајка. Посетителите навистина ќе уживаат во прошетката низ музејот. На влезот на подот ќе бидат поставени интерактивни лед-монитори, како и копија од саркофагот на Александар. Изложбата ќе го опфати периодот од праисторијата до средниот век во Македонија, а ќе бидат изложени илјадници уникатни археолошки предмети, дел од мозаиците, а ќе има и реконструкции на населби, базилики и други содржини, вели директорката Честоева.
Восочните фигури, заедно со сите други археолошки предмети што се од непроценливо богатство, ќе бидат заштитени според најсовремените стандарди.
Отворањето на Археолошкиот музеј, ќе се случи за неколку месеци.