Листа на која се напишани правилата на однесување за време на протестот, кој се одржа вчера во Скопје, а на кој се бараше ослободување на осудените за нападот во Собранието, два дена наназад се споделуваше на социјалните мрежи.
Истата беше потпишана од Македонското патриотско здружение Величко Велјанов – Чичето, односно од претседателот на здружението Лука А. Александров, кој на социјалните мрежи се претставува и како Лука Кралот Лав.
Во поканата за присуство, каде беше потенцирано дека протестот ќе биде мирен, наведен беше и правилникот на однесување:
-Значи, без инциденти
-Без провокатори
-Без бина
-Без лажни лидери и месии
-Без партиско себепромовирање.
-Секој оној што ќе ги прекрши овие правила ќе биде тепан!- беше објавено.