Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор од 30 дена за Раде Трајковски познат по прекарот Штекли, како и за уште девет лица ( П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р.) од криминалната група која е осомничена дека се занимава со продажба на дрога.
Како што велат од Судот, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон