Триесетдневен притвор изрече истражен судија за директорот на битолската подружница на Македонска пошта АД Скопје.
43-годишниот Е.А. се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувањата, според МВР тој во период од јули – август 2012 година, на вработените во Поштата им наредил да извршат утовар на основни средства во менза – кујна и бифе, во камион кој тој претходно го обезбедил.
Директорот си ги присвоил натоварените предмети и ги однел во непознат правец. Е.А. ја оштетил Македонска пошта за повеќе од 486.000 денари.