Прифатен предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје. Судија на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје одреди притвор за шестмина од осомничените во случајот „Двојник“.
Според информациите од Кривичниот суд, на распит биле деветмина приведени во оваа акција, во која осомничени се 11 лица. Еден од нив е во бегство, а еден веќе е во притвор за друга постапка за издавање на возачки дозволи.
Обвинителството првично бараше притвор за осум лица, вклучувајќи го и лицето кое е во бегство и мерки за претпазливост за двајца осомничени. Но, во судот сменет е еден предлог за притвор, па за едно од лицата наместо притвор побарани се мерки за претпазливост.
Судијата ги прифатил предлозите на обвинителството и на седум осомничени, меѓу кои и оној кој е во бегство, им одредил притвор, а на тројца мерки за претпазливост.
Десет од осомничените се вработени во МВР во службите за издавање на пасоши, додека едно лице, како поттикнувач, посредувало при незаконското издавање на документи. Со две кривични пријави против нив опфатени се вкпуно 219 незаконски издадени пасоши.