Машиновозачот кој управуваше со возот за време на несреќата во шпанскиот град Сантјаго де Компостела во која загинаа најмалку 80 луѓе, задржан е во притвор во болница, соопшти Врховниот суд на регионот Галиција.
„Возеше пребрзо, се чини возот почна да се преклопува на кривината, а вагоните се удираа еден од друг“, тврди еден од патниците, Рикардо Монтеско.
Според раскажувањата на патникот, многу луѓе биле потиснати од вагоните додека возот бил во пламен. Вели одеднаш здогледал лешеви.
Според владата, се работи за несреќен случај а не за терористички напади налик на тие од 2004 година во Мадрид, кога 191 лице загинаа.
Видеата од несреќата во северозападна Шпанија го објавија шпанските телевизии.