Александар Митровиќ (20), син на Жељко Митровиќ, сопственикот на ТВ Пинк, синоќа на пешачки премин со својот автомобил ја прегазил девојката Ана Б. (17).
Помладиот Митровиќ не запрел на местото на настанот, туку со џипот БМВ Х5 побегнал од местото на настанот. Два часа по трагедијата, Митровиќ придружуван од адвокат и неговиот татко ја пријавил случката во полицијата во Белград. По сослушувањето изречена му е мерка притвор до 48 часа.
– Мојот син усмртил една девојка минатата ноќ и избегал – и рече Жељко Митровиќ на полицијата, не го оправдувам, Александар во шок застанал два километри подалку.
Девојката Aна Б. била убиена на пешачки премин, каде што има сообраќајна сигнализација. Според очевидци, возилото што ја удрило се движело со голема брзина и возачот по несреќата, додал гас и избегал.
Според првите анализи направени два и пол часа по несреќата, младиот човек не бил под дејство на алкохол. Истрагата ќе утврди дали Митровиќ поминал на црвено светло.