Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16.30 часот, го лишиле од слобода Ф.С.(40) од Куманово осомничен за сторено кривично дело „разбојништво“.
– На 21.09.2021 година на улица „Индустриска“ тој со уште едно лице физички го нападнале С.П. и му одзеле пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од МВР.