Вчера (23 јануари) околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ш.М.(21), В.У.(22). Ш.М.(21) и Ф.А.(22), сите од гостиварско Врапчиште, поради сомнение дека претходно противправно одзеле патничко моторно возило „цитроен берлинго“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Н.И.(43) од тетовска Голема Речица.
Половина час пред тоа, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. Се расчистува и документира случајот.