Словенечката полиција поведе опсежна истрага за штета нанесена на Телеком Словенија во перидот од 2006 до 2010 година, во вредност од најмалку 25 милиони евра, при што приведе седуммина поранешни менаџери на компанијата, објавија вчера словенечките медиуми.
Според нив, истрагата е за повеќе разни криминални дела, меѓу кои и корупциски постапки при инвестициите на Телекомот во Словенија, како и во Македонија и на Косово.
Телеком Словенија е сопственик на домашниот оператор “Оне”.