НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Признајте сепак, со што заслуживме да нè сакаат странците

0
By Биљана Секуловска on September 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На прв поглед, не верувам дека некој воопшто може да ја разбере логиката на странските амбасади, односно земји, за така великодушно, повеќедецениско помагање на Македонија.

Последната вест која ја добивме е помошта на американската Амбасада за обнова на манастир- за да се реставрира и конзервира манастирот „Пресвета Богорода Елеуса’’ во струмичко Велјуса, кој потекнува од 11 веќ и е единствената градба во земјава која ја презентира византиската сакрална аритектура.

Амасадорката Кејт Мари Брнз изјавила дека на тој начин се помага историјата и културата во земјава.

-Овој проект е само еден пример за нашата посветеност да помогнеме да се зачува и заштити живописното културно наследство во Македонија. Тоа исто така е дополнителна демонстрација на длабокото партнерство помеѓу амбасадата на САД во Скопје, Министерството за култура, како и музеите и општините во целата земја.

Манастирот Пресвета Богородица Елеуса по својата градба е уникатен на овие простори и ги презентира високите дострели на византиската сакрална аритектура. Со грантот од САД ќе се реставира и конзервира надворешниот изглед, кровот, фреските и мозаиците кои датираат од пред 8 века.

Според медиумските информации, САД досега има инвестирано над еден и пол милион долари во 15 културни локалитети во земјава. Со нивни средства се реконструираше шарената џамија во Тетово, црквата Перивлепта во Охрид, Даут пашиниот амам во Скопје. (веста е преземена од ТВ 24 вести)

Секако, Америка не е единствената земја која великодушно ја помагала земјава, иако веројатно таа и најмногу има вложено, ако се разгледаат статистиките.

Не се работи само за финансиска помош, која е огромна од осамостојувањето, но се работи, можеби уште поважно, секако дека е многу позначајно, за помош и поттик во секој поглед- во најважните сфери за демократизација на земјава, како и во зачувување на историјата, културата, уметноста.

Но, ако се вратите низ поновата историја, она што изгледа повеќе од сигурно е клучната улога која ја игра САД во осамостојувањето на државава- без нивната поддршка и сериозен политички и дипломатски ангажман,  веројатно и немаше да може да говориме за независна и самостојна Македонија.

Ден-два без странска помош- и каде понатаму?

Кога ќе загребете под површината, логиката која на почеток воопшто и не може да се разбере- помош на странските држави во финансии и секаков вид други поддршка, секако ќе кликне сознанието- зошто тие тоа го прават за нас.

Без таа помош однадвор, ние се распаѓаме одвнатре. Заглибени со децении во корупциски и криминални скандали, во непотизам, злоупотреби, некомпетентност, дрзок јавашлук и арогантна мрзеливост, веројатно би опстоиле уште ден-два без таа странска помош, но видете и зошто.

За тие ден-два за да можеме да ги смачкаме и урнисаме остатоците, она што не се докрало и покрало до крај, што заостанало, што се превидело, што не се предвидело како можност за до последен здив да биде избришано.

Затоа е и потребно, за да не дојде моментот на ничкосување- тие кутри, изморени странци да нè носат на грб, милиметар по милиметар, со децении, кои личат веќе на векови, да нè храбрат и премолуваат да не се откажуваме, да се замислиме, да прогледаме.

Знаат тие дека имаме ние свои сјајни, генијални решенија како да се ослободиме од нив.

Откако ќе нè проодат и заедно ќе продолжиме кроце, полека, следуваат денови на наш заеднички очај и мал младешки бес- сега чекаат да ги исклоцаме, истуркаме и намерно, за инает, откако ќе ги свлечкаме со нас, да се враќаме сите наназад, но сега со филмска брзина, со километри и години, пак да доаѓаме на првата позиција, од кај што сме почнале.

Имаме и ние некакви заслуги, да заклучиме- чесна е таа наша борба во глупостите- да се справиме со нив и да ги оставиме некаде насред пат. Некогаш ги потпикнуваме, некогаш ги зафрламе, некогаш се справуваме со нив најдобро што можеме.

Не ни оди лошо овојпат, откако нешто и научивме. Којзнае што е тоа, се прашуваме со полу-насмевка, подготвени за секакви нови скршнувања, акробации, вратоломии.

Не се потсмевајте на “Данке, Дојчланд”

Сепак, затоа, не се потсмевајте на оние извици на одушевеност низ Фејсбук- “Данке, Дојчланд”- за гласањето за зелено светло во Бундестагот, за започнување преговори. Ние сами за себе секако дека не би гласале, ако сака некој да чуе чесна оценка за нас самите- потполно сме свесни за сите стари и денешни наши промашувања и за сите нови, до бесконечност- неприлики, што сами ќе си ги приредиме.

Ние сами во себе едвај веруваме, но неверојатноста на фактот што сите останати веруваат во нас- е добра причина да ги слушнеме и нив. Да ги погледнеме со искрена зачуденост и- да го започнеме по нивните насоки и совети- тактот кој следи. Милиметар по милиметар, додека не ни здодее, па да ги отфрлиме, за да не остават сами, па пак, па пак, повторно пак.

Играта трае, нека живее веселата игра во оваа држава, бескрајно забавна, никогаш здодевна, признајте, сепак.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.