Прилепскиот уметник, сатиричар и карикатурист Златко Крстевски доби признание од Украина. Тој учествува со свое дело на меѓународната уметничка изложба на минијатури во Украина, по повод 150-годишнината од уметничкиот роденден на сликарот Василиј Кричевски.
Оригиналните дела се инспирирани од творештвото на уметникот и се изложени во уметничката галерија „Галерија Кос Тур“ во Суми, Украина. Крстевски на меѓународната изложба се претставува со дело – слика во комбинирана техника. Кустос на изложбената поставка е Роман Голуб.