Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Про-руските поддржувачи ја заземаа базата на украинската морнарица во Крим

0
By Нова ТВ on March 19, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси 300 вооружени про-руски поддржувачи ги заземаа седиштата на украинската морнарица на кримското пристаниште во Севастопол, вели Марина Каналјук, асистент-командант на украинската флота.

– Насекаде се, опколени сме, ни се закануваат, вели таа, тврдејќи со сигурност дека руските сили се вмешани помеѓу трупите.

Еден ден откако Москва го прогласи Крим за дел од Русија, нема знаци за смирување на ситуацијата, а светот стравува од крвав конфликт.

Според Каналјук, украинските офицери се обиделе да ги запрат вооружените лица да влезат во седиштето, и пробале да преговараат.

Земенети се и знамињата на Украина од јарболите, со руското знаме, јавува Итар-Тасс агенцијата. Итар-Тасс пренесува и дека руската војска не е вмешана во вчерашниот инцидент кога загина еден украински офицер.

Привремениот премиер на Украина, Арсениј Јацењук исто така предупреди дека кризата во земјата од политичка добива воена форма, а за тоа е виновна руската војска.

Воедно, референдумот на Крим кој беше спроведен во неделата, за привременеата влада во Киев е невалиден, а истиот став го повторија САД и ЕУ.

Во својот говор пак, вчера претседателот на Русија, Владимир Путин го поздрави референдумот.

– Во нашите срца знаевме дека Крим секогаш бил нераскинлив дел од Русија, рече Путин.

Тој потенцираше дека Русија треба да дејствува како новата влада на Украина која е поддржана од САД и европските сили, „за да ја зграпчи државата преку терор и убиства“.

На тоа Јацењук коментираше дека се работи за кражба на меѓународно ниво која Киев никогаш нема да ја прифати.

Кримските законодавци изјавија дека украинските војници сега се непожелна сила на Полуостровот, и им дадоа одредено време да го напуштат регионот.

САД и Европската унија во понеделникот воведоа санкции за повеќе од 20-ина претставници на Русија и Украина, и ја предупредија Русија да избегнат ескалација на ситуацијата.

Вчерашните тврдења на Русија, за припојување на Крим, донесоа нови коментари од Западот. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека „тоа испраќа вознемирувачка порака за целиот европски континент“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.