Маскирани про-руски трупи ја заземаа контролата врз седиштето на украинската морнарица во Крим. Тие исто така го задржале украинскиот командант а ги запреле и министерот за одбрана со уште еден украински владин претставник кои имале за цел да допатуваат на Полусотровот за да ги смират тензиите.
Украинската војска, која е многу помала во Крим, е по постојан притисок откако регионот објави независност. Стотиците војници кои ја заземаа базата во Севастопол не наишле на отпор.
Ваквата разврска на настаните доаѓа по вчерашниот конфликт помеѓу украинските војници и про-руската милиција во кој загина еден украински војник.
Про-руските трупи носеле шлемови и униформи без амблеми за идентификација. До попладнево целосно го заземале седиштето.
Министерството за одбрана на Украина соопшти дека нема повредени во рацијата предводена од про-руски трупи и Козаци.
– Не се добредојдени во Крим, изјави Сергеј Аксјонов за Интерфакс. Нема да им биде дозволено да влзат во Крим и ќе бидат испратени назад.