Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проблемот со визуелното загадување во урбаните средини

0
By Zoran Ivanov on October 30, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градот Скопје и остантите урбани средини низ Македонија се презаситени од рекламни материјали и неуредени јавни површини. Често се среќаваат билборди и „привремени“ инсталации во централното градско подрачје и старата чаршија, кои не се во склад со естетиката на просторот. Елементите кои ги перципираме дека го огрдуваат просторот често и директно влијаат на функционланоста на просторот.

Дефинирање визуелно загадување/оптоварување

Визуелното загадување претставува чин на нарушување на јавните површини преку неселективно и произволно загушување на просторот со различни елементи. Елементите што не се во склад со околината и се издвојуваат по својата одвоеност негативно влијаат врз архитектонската и функционалната целина на градот. Ваквата состојба предизвикува јавниот простор да стане визуелно хаотичен, без изразен идентитет, еколошки деградиран и напорен за подолготраен престој.

Елементите што придонесуваат за визуелно загадување може да бидат:
– отпад на улиците и хаварисани возила,
– рекламен материјал на тротоари, згради и автобуси,
– светлосни инсталации кои непрекинато го привлекуваат вниманието,
– несоодветно изведени згради, клима-уреди, настрешници и тераси,
– неуредно прикачени кабли и антени,
– напуштени и запоставени градби и урбани средини,
како и сите други компоненти што ја нарушуваат околината и естетиката на просторот.

Градските власти често го перципираат јавниот простор под нивна надлежност како извор на економска заработка, што доведува до оптоварување на јавните средини со рекламни елементи. Прекумерната слобода за рекламирање предизвикува натпревар меѓу компаниите за привлекување на вниманието на минувачите. Дополнително, во предизборна еуфорија често се појавуваат и рекламни објекти кои се надвор од регулацијата, како што се висечки реклами и постери.

Естетиката, но и функционалност

Градот Скопје и остантите урбани средини низ Македонија се презаситени од рекламни материјали и неуредени јавни површини. Често се среќаваат билборди и „привремени“ инсталации во централното градско подрачје и старата чаршија, кои не се во склад со естетиката на просторот. Елементите кои ги перципираме дека го огрдуваат просторот често и директно влијаат на функционланоста на просторот. Така, на пример, јавниот превоз покриен со рекламен материјал го попречува видикот на патниците, пешачките зони узурпирани од хаварисани возила и билборди ја нарушуваат мобилноста, а несоодветно инсталираните клима уреди често ги валкаат минувачите. Визуелното оптоварување директно влија врз нашето ментално здравје и предизвикува отуѓување од просторот и околината.

Регулација

Во македонското законодавство постојат неколку законски и подзаконски акти во кои се дефинира што претставува јавен простор и урбана опрема, како и кој е одговорен за нивното одржување. Со Законот за јавна чистота се уредуваат условите и начинот на одржување на јавната чистота.

Во Правилникот за урбанистичко планирање се дефинира улогата на урбанистичкиот план и елементите на јавните локации (член 136), стандардите за непречено движење и заштитните зони на тротоарите (член 158), растојанијата за поставување на комерцијални елементи (член 160) и регулацијата за поставување на рекламни паноа (член 194).

Понатаму, општините и Град Скопје се служат со „Одлука за комунален ред“, која дополнително ги регулира јавните средини. Одлуката за комунален ред на Град Скопје пропишува правила за рекламирање на фасадите (член 8), уредно поставување на клима-уредите (член 11), забрана за противправно поставување подвижни реклами (член 48), како и забрана за оставање хаварисани возила (член 49) и други.

При спроведувањето на урбанистичките планови и издавањето дозволи за рекламирање и поставување комерцијални елементи, Правилникот за урбанистичко планирање и Одлуката за комунален ред често не се почитуваат. Одговорноста за нивното спроведување ја имаат општинските и градските одделенија за просторно и урбанистичко планирање.

Препораки

Општините и Град Скопје треба да посветат внимание на следните активности:

  • изработка на планови за намалување на визуелното загадување во историските и архитектонските целини (на пример: чаршија, плоштад, улица Македонија);
  • построга регулација за поставување на клима-уредите, рекламните елементи, градежниот шут и слично;
  • доделување субвенции за замена на несоодветните комерцијални или урбани елементи со нови, усогласени со околината;
  • унифицирање на законските и подзаконските акти во еден поконцизен и поефикасен документ.

Позитивни примери

Во Македонија може да се издвојат Град Скопје и Општина Охрид како примери на институции што направиле мали, но позитивни чекори кон намалување на визуелното загадување. Во 2020 година, Град Скопје спроведе акција за отстранување на 240 рекламни објекти, со што придонесе за ослободување на јавните површини, расчистување на некои од главните урбани визури и враќање на акцентот на архитектонските споменици.

Од друга страна, Општина Охрид од сопствени приходи во два наврати издвои средства за изработка на унифицирани рекламни табли за дел од дуќаните во чаршијата. Охрид претставува интересен пример бидејќи располага со целосна анализа за состојбата со визуелното оптоварување во централното градско подрачје.

Во најава е и реновирањето на Железничката станица во Скопје, со кое се предвидува отстранување на рекламните паноа и регулација на комерцијалните објекти, со цел зачувување на архитектонската целина.

Текстот е сопственост на Македонска архитектура.мк

 

 

 

визуелно Загадување Простор реклами
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.