Алармантната состојба со инсулинската криза е тема на емисијата ПРОЦЕС, прва од оваа сезона. Лошо испланираните набавки на инсулин, замената не еден со друг вид инсулин на која се принудени дијабетичарите поради недостиг на неколку типа инсулин, стравот на лекарите да прозборат јавно, го доведоа во опасност животот на 24 илјади дијабетичари, особено на децата. За состојбата е известена и Меѓународната организација за дијабетис.
На оваа тема разговараме со Бобан Несторовски, активен кикс-боксер, кој од раното детство е на инсулин, Цвете Серафимовски, претседател на Здружението на детски дијабетис „Баланс“ и Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет.