Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува растот во ТИРЗ, зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места

0
By Нова ТВ on May 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. 

-Извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра, што е за 7 отсто повеќе споредено со март годинава. Дополнително, извозот во првите четири месеци од годинава изнесува 1 милијарда и 55 милиони евра и е за 67 отсто зголемен во однос на истиот период лани односно речиси 27 отсто во однос на 2018 година. Компаниите активни во зоните и понатаму остануваат носители на извозот во земјава со учество од речиси 47 отсто во вкупниот извоз. Ова покажува дека иако овие компании беа најпогодени од кризата, демонстрираа висок потенцијал за брзо опоравување, што се должи и на таргетираните мерки и механизми за поддршка од ТИРЗ и државата, се наведува во соопштението од ТИРЗ.

Во однос на увозот, во првите четири месеци од 2021г вкупниот увоз изнесува над 1 милијарда евра и е за 85 отсто зголемен во однос на истиот период лани односно 37 отсто во однос на 2018г.

-Само во април увозот во зоните достигна 318 милиони евра што е за 23,6 отсто  повеќе споредено со март. Трендот на раст на увозот е поврзан и со зголемената инвестициска активност во зоните. Само во првите четири месеци од годинава се потпишани договори со пет компании чии вкупни инвестиции треба да достигнат над 65 милиони евра. Поради ваквиот тренд покриеноста на увозот со извозот е речиси изедначена. Во април 2021 нето извозот е во незначителна позитива од 0.10 отсто, додека на државно ниво за првиот квартал овој однос е  -24 отсто, седодава во соопштението.

Редовната месечна анализа на Дирекцијата за ТИРЗ за април покажува дека бројот на вработени во зоните останува стабилен. Во овие компании работат околу 14.000 лица, а во дел од нив веќе се спроведуваат процедури за отворање нови работни места.

-Се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи и во следниот период со оглед на најавите од ТИРЗ дека веќе се преговара со над 20 компании за обем на инвестиции над 300 милиони евра и отворање на нови 5500 работни места, се наведува во соопштението. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

ВЕСТИ November 14, 2025

Десет од вкупно 25 пациенти биле упатени на операција на срце без потреба или без…

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.