Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува судирот меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот

0
By Zoran Ivanov on July 6, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Маск до неодамна беше клучен поддржувач на Трамп, танцувајќи покрај него за време на изборните митинзи минатата година и носејќи го својот четиригодишен син да се сретне со Трамп во Овалната соба. Тој беше и клучен финансиски поддржувач на Трамп. Маск потроши 250 милиони долари (187 милиони фунти) за да му помогне на Трамп да ја врати функцијата.

Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите.

Трамп на платформата Х објави дека името на третата политика опоција ќе биде Американска партија, но не прецизира дали партијата е формално регистрирана кај изборните власти на САД. Маск, кој е роден надвор од САД и затоа не е може да се кандидира за претседател, не кажува кој ќе ја води.

Тој првпат ја најави можноста за формирање партија за време на неговата јавна расправа со Трамп, откако ја напушти должноста во администрацијата и започна жестока дебата со својот поранешен сојузник.

За време на таа расправа, Маск објави анкета на X прашувајќи ги корисниците дали треба да има нова политичка партија во САД.

Повикувајќи се на таа анкета во својот пост во саботата, Маск напиша: „Со фактор 2 спрема 1, сакате нова политичка партија и ќе ја имате!“.

– Кога станува збор за банкротирање на нашата земја со расипништво и корупција, ние живееме во еднопартиски систем, а не во демократија. Денес, Американската партија е формирана за да ви ја врати слободата, наведува Маск.

Федералната изборна комисија досега не објави документи што укажуваат дека партијата е формално регистрирана.

Би-Би-Си во коментар на најавата на Маск за формирање партија, неведува дека и претходно имало „познати играчи“ надвор од традиционалниот двопартиски систем во американската политика, но праксата досега покажа дека е тешко да добијат доволно силна национална популарност за да претставуваат вистинска закана за републиканците и демократите.

На претседателските избори минатата година, кандидатите од Либертаријанската партија, Зелената партија и Народната партија се обидуваа залудно да го спречат Трамп или неговата демократска ривалка Камала Харис, да победат.

Маск до неодамна беше клучен поддржувач на Трамп, танцувајќи покрај него за време на изборните митинзи минатата година и носејќи го својот четиригодишен син да се сретне со Трамп во Овалната соба.

Тој беше и клучен финансиски поддржувач на Трамп. Маск потроши 250 милиони долари (187 милиони фунти) за да му помогне на Трамп да ја врати функцијата.

По изборите, тој беше назначен да го води таканаречениот Оддел за владина ефикасност (Доџ), кој имаше задача да идентификува големи намалувања во федералниот буџет.

Неговиот конфликт со Трамп започна кога тој ја напушти администрацијата во мај и јавно ги критикуваше плановите на Трамп за даноци и трошоци.

Законот, кој Трамп го нарече свој „голем, прекрасен закон“, беше тесно усвоен од Конгресот и потпишан од претседателот оваа недела.

Огромниот закон, посoчува Би-Би-Си, вклучува огромни обврски за трошење и намалување на даноците, и се проценува дека ќе додаде повеќе од 3 трилиони долари на дефицитот на САД во следната деценија.

Клучно за Маск, кој е сопственик на гигантот за електрични возила Тесла, е што законот на Трамп не се фокусира на зелена транзиција или субвенции за производи како Тесла.

„Елон можеби ќе добие повеќе субвенции од кое било човечко суштество во историјата, досега. Без субвенции, Илон веројатно ќе мора да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка“, напиша Трамп на својата  социјална мрежа Truth Social.

Трамп се закани дека Доџ ќе ги разгледа субвенциите кои ги користеле компаниите на Маск, алудирајќи и на другите бизниси на милијардерот.

Маск е исто така сопственик и на Спејс Икс, компанијата која лансира ракети за американската влада, како и на Старлинк, кој обезбедува сателитски услуги за американските и европските одбранбени сили.

Засега нема коментар од Трамп или од Белата куќа за објавата на Маск. Спорот со Трамп доведе до неколку нагли падови на цената на акциите на Тесла.

Акциите скокнаа по реизборот на Трамп во ноември и достигнаа максимум од повеќе од 488 долари во декември, пред да изгубат повеќе од половина од својата вредност во април и да завршат минатата недела на 315,35 долари.

Во политичките анализи што ги објавуваат медиумите во САД, главно се нагласува дека и покрај длабоките џебови на Маск, сепак, разбивањето на републиканско-демократскиот дуопол ќе биде тешка задача, со оглед на тоа што доминира во американскиот политички живот повеќе од 160 години.

 

кавга Маск Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.