Денеска во Брисел се очекува да продолжат преговорите за гасот меѓу Русија и Украина со посредство на Европската Унија.
Според соопштението од Кремљ објавено во текот на ноќта, рускиот претседател Владимир Путин, кој телефонски разговарал на оваа тема со германската канцеларка Ангела Меркел, побарал од руските пратеници продолжување на преговорите со „конструктивни ставови“ со цел пронаоѓање на „обострано прифатливо решение“, за Русија и Украина.
Европскиот пратеник за енергетика Гетер Оетингер вчера изјави дека следните денови очекува постигнување на договор за плинот меѓу ЕУ и министрите за енергетика на Русија и Украина. „Тоа ќе трае неколку дена, договорот го очекуваме следните денови“, изјави пратеникот.
Во понеделникот навечер осумстраните преговори завршија без договор. Украина не ја прифаќа цената од 480 долари за 1.000 просторни метри плин кои ги одреди Русија откако во февруари на власт стапи прозападната украинска влада. Станува збор за највисока цена на некоја европска земја.