Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги продолжат разговорите со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц, откако вчера имаа 6.часовни преговори.
Се очекува денешната средба да започне во 9 и 30 часот по локално време, односно во 15 и 30 часот по македонско време, и по средбата министрите да дадат изјави.
Пред средбата на Димитров, Коѕијас и Нимиц, двајцата министри вчера имаа посебни средби со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
„Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски спор“, изјави Димитров по средбата со Гутереш.
Димитров во оваа рунда преговори замина со предлогот за Република Илинденска Македонија за севкупна употреба и именување на јазикот како македонски е решението зад кое тој стои, а кој на јавноста го претстави премиерот Зоран Заев, по средбата со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Софија.
Овој предлог, сепак, според пишувањата на грчките медиуми, не е прифатлив за Грција, која бара име со временска или географска одредница. Грција, порача дека ќе преговара само врз основа на четирите предлози на Нимиц: Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје).