Холивудскиот продуцентски могул Харви Вајнстин денес се предаде на полицијата во Њујорк поради обвинувањата за сексуални злоупотреби, објавија американските медиуми.
Тој беше уапсен поради голем број обвиненија, меѓу кои и за сексуални напади и силување, но Вајнстин негираше дека имал секс без согласност со било која од жените.
Ова е прв пат Харви да биде официјално обвинет, откако на големо почнаа да се откриваат неговите мрачни сексуални престапи. Сведочењата на жените кои тврдат дека Вајнстин сексуално ги злоупотребил го иницираа движењето #MeToo ширум цел свет, како симбол на борбата против сексуалната злоупотреба и напад.