Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проект едукација: Хирурзите немаат право да гледаат, а не да оперираат

0
By Менче Атанасова Точи on January 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Недостатокот на знаење на хирургот, но и реформите во здравството се причина за лекарска грешка кога на 39-годишна пациентка при операција на тумор на дебелото црево и бил зашиен анусот со половиот орган. Операцијата била извршена под надзор на хирург, едукатор од САД, а пациентката пет дена по операцијата почувствувала дека нешто не е во ред, но и било советувано дека се тоа нормални симптоми после операцијата.

Ова е дел од објаснувањето за случајот во рецензијата објавена во реномираното меѓународно медицинско списание „International Journal of Surgery Case Reports“, од страна на професорот и абдоменален хирург Милчо Пановски.

Операцијата била направена во Градската болница „8 Септември“во Скопје и во текстот е опишана како неприфатлива хируршка грешка. Според зборовите на директорот на болницата Сашо Стојчев пациентката ја оперирала лекарка, хирург со 15 годишно искуство, под менторство на хирург странец. Операцијата се случила пред година и половина, а жената сега најавува судска разврска на случајот.

„ Немав сознанија за случајот се додека не излезе во јавност. Операцијата беше извршена од искусна лекарка, под менторство на професор Брус од САД, кој беше дојден во нашата болница како едукатор, изјави за НОВА директорот Стојчев.

Дури откако случајот излезе во јавноста, министерот Тодоров најави дека ќе формира комисија од тројца абдоменални хирурзи кои ќе го испитуваат случајот.

Овој случајот не само што ја отвара дилемата за работењето и стручноста на некои лекари, туку и за странските едукатори кои на повик на Министерството за здравство доаѓаат да оперираат во македонските болници. Проектот е во склоп на реформите што ги спроведува Министерството, а странските лекари добиваат лиценци од Лекарската комора на Македонија веднаш по пристигнувањето во земјата.

Проектот предвидува странски лекари да престојуваат во државата и да ги едуцираат македонските лекари, како и лекари од државата да престојуваат во странски болници за да се обучуваат во разни области од медицината. Нивниот престој може да биде на една недела, но и на три месеци.

Лекари со кои контактираше НОВА, велат дека најголем дел од хирурзите немаат можност да научат ништо бидејќи таму не им дозволуваат да учествуваат во текот на хируршките интервенции , ниту пак, имаат контакт со пациенти. Такви се процедурите, а многу внимаваат заради можни лекарски грешки. Пред заминувањето на едукација во странски болници лекарите потпишуваат договори со кои се обврзуваат дека ќе останат да работат во јавното здравство во наредните 3 години.

Директорот Стојчев потенцира дека во некои болници во странство на македонските хирурзи дури и воопшто не им е дозволено да ги гледаат операциите.

„Заминувањето на 1-2 месеци во странство нема ефект, посебно за хирурзите. На нив освен во земјите од поранешна Југославија никаде на друго место не им дозволуваат да гледаат во текот на хируршката интервенција, а не пак да оперираат. Има работи кои мора да се ревидираат во овој проект бидејќи целта на толкаво трошење на пари е да има ефект целата работа“, изјави за НОВА Стојчев.

Тој смета дека поголем ефект има доаѓањето на странските лекари во македонските болници, отколку заминувањето на наши лекари на краток престој во странство. Стојчев вели дека кога веќе се праќаат лекари во странство тоа треба да биде на 1 до 2 години, за да има што да видат и да научат. Хирург од една од една скопска клиника за НОВА објаснува дека лекарите сакаат да се едуцираат од одредени техники кои ги работат, а не да учат таму каде што ги праќаат од Министерството.

„ Одењето на „едукација“ според мене е со една цел, а тоа е да се потпишат договори за да не се напушта работното место поради дефицит на лекари кој ќе се чувствува се повеќе. Колегите кои биле на таканаречената едукација не добиваат никаква работа, ниту тренинг, единствено што можат е да гледаат, опсервираат и се разбира колегите во странство се љубезни и одговараат на поставени прашања, објаснува за НОВА, хирургот кој сакаше да остане анонимен.

На Клиниката за хематологија лекари за НОВА објаснуваат дека двајца лекари биле краток временски период за да научат да работат на ЕХО, но третиот кој се едуцирал од областа на генетиката нема каде да го примени тоа, бидејќи во Македонија не е развиена и не се работи оваа гранка од медицината.

Од Министерството за здравство нема информација колку пари чини проектот за едукација на македонските лекари, ниту анализа за тоа каков е досегашниот ефект од тоа. Од таму велат дека им се плаќаат само патните и хотелските трошоци на лекарите кои доаѓаат во државата да едуцираат.

Претседателот на Лекарската комора Кочо Чакаларовски пред пред три недели за НОВА изјави дека немаат евиденција колку лекари досега се испратени на едукација, ниту колку чини проектот. Чакаларовски вели дека колку ќе научат лекарите зависи од договорот на Министерството со здравство со соодветната држава.

„Во принцип се прави договор со лекарските комори на соодветните држави за нашите лекари таму да не бидат само неми набљудувачи, или пак тоа се прави во директен договор со лекарите едукатори. На барање на Министерство за здравство пративме допис до сите земји да излезат во пресрет на барањата на Министерството. Доколку не добиеме потврден одговор нема да ги упатуваме лекарите таму “, изјави за НОВА, Чакаларовски.

Сепак, последниот случај со лекарската грешка, фрли сомнеж на целиот проект и го остави отворено прашањето за негово комплетно ревидирање, како и на реформите во здравството кои се спроведуваат во последно време.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
ФОКУС

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

ВЕСТИ October 10, 2025

Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека…

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.