На сред акцијата за рушење на бесправно изградени објекти на охридско-струшкото крајбрежје, Струшката локална самоуправа по повод Денот на езерото, ќе го промовира проектот со кој за 110.000 евра е осветлена реката Црн Дрим во сино, како дел од поширокиот проект за осветлување на речното корито.
Како што се е наведено во постот на профилот на општина Струга на Фејсбук, проектот вклучува инсталација на арматура што е изработена од нерѓосувачки челик и отпорна на корозија. Должината на осветленото корито е 900 метри, а арматурата поставена од двете страни на коритото е во должина од 1.800 метри.
Екологистите го критикуваат проектот зашто сметаат дека ,,осветлувањето“ негативно ќе влијае на животинскиот свет во Црн Дрим зашто ќе се,,збунел“ кога е вистински ден а кога ноќ,