Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проевропската опозиција „Србија против насилството“ заеднички ќе настапи на изборите

0
By Marta Pesevska on October 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постигнат е договор за заеднички настап на опозицијата собрана околу протестите „Србија против насилство“ на претстојните парламентарни, покраински, локални и избори за градот Белград на 17 декември. Ова денеска беше официјално соопштено на прес-конференција во Белград, пред влезот на Народното собрание, јави дописникот на МИА од Белград.

Носители на листата на републичките избори ќе бидат Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, додека прв на листата ќе биде Радомир Лазовиќ, а на изборите во Белград носители ќе бидат Добрица Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ, кој ќе биде кандидат за градоначалник, а прва на таа листа ќе биде Мила Поповиќ. Носителите на листите за покраинските избори ќе бидат објавени подоцна во Нови Сад.

Партијата за слобода и правда (ССП), Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Срце, Еколошкото востание, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и партијата Заедно се договорија заеднички да учествуваат на изборите на основа на добрата соработка во парламентот, заедничката организација на протестите „Србија против насилството“ и бројни други акции кои овие организации заеднички и поединечно ги спроведоа со цел Србија да биде добро место за живеење на сите граѓани.

Овие организации претходно го потпишаа „Договорот за победа“, односно договор да се донесе одлука врз основа на истражување дали со една или со повеќе изборни листи проевропската опозиција ќе излезе на избори. Сите досегашни истражувања кои ги видовме ни посочија дека постои голема синергија на заедничко делување и затоа донесовме одлука заедно да одиме на избори и да победиме

„Србија против насилството“ Проевропска опозиција Србија против насилство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.