Историски подвиг на доктор Сашко Кедев – стана првиот Македонец кој успеал да се качи на сите 14 планински врвови над 8000 метри надморска височина.
Тој беше дел од тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“, кој успешно го искачи Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан. Во тимот беа д-р Сашко Кедев (Македонија), Ванг Жонг (Кина) и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.
Со ова искачување, д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија, се наведува во објавата на експедицијата.