Професор Ивица Милевски, Институт за географија – Природни ресурски и природни непогоди, во интервју за НОВА говори за пропустите и нестручноста на институциите заради кои и не беше спречена трагедијата со загинување на 22 луѓе како последица на поплавата. Поројниот дожд и невремето не можат да се спречат, но справување со природни непогоди е во рацете на стручноста, квалификуваноста и сериозноста со која се води една држава.