Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професорката Ачкоска пишала па ја избришала објавата за смртта на средношколец во Скопје

0
By Marta Pesevska on March 15, 2023 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Дрога во пијачка“, „кафуле“, „Оливер Спасовски“, „дилери Албанци“, „МВР“, „власта предводена од СДСМ и ДУИ“, „државата“, „институциите“, „самоубиство“, „немите новинари“… се главните поенти (виновници) околу смртта на 18 годишно момче во Скопје, што се објавуваат на социјалните мрежи.

За овие „епитети“ се погрижи професорката на УКИМ, Виолета Ачкоска, која денеска ја избриша од Фејсбук објавата за смртта на средношколецот од СУГС „Георги Димитров“, со која предизвика паника, револт и страв меѓу граѓаните. Таа вчера на својот Фејсбук профил објави дека младо момче почина како последица од дрога што му била ставена во пијачка во кафуле.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката Ачковска на својот Фејсбук профил, на 14 март 2023 година.

Таа по 24 часа го избриша статусот, но пред да го избрише, ЦИВИЛ Медиа испрати прашања до професорката Ачковска:

Почитувана професорке Ачковска, би сакале да ни дадете изјава во врска со вашиот Фејсбук статус за починатото момче за кое тврдите дека му била ставена дрога во пијачка во кафуле. Дали може да ни кажете за кое кафуле се работи? Дали детето побарало помош од некоја институција/болница и притоа било одбиено, бидејќи го споредувате со случајот на малата Тамара? Дали знаете кои се тие што ставаат дрога во пијачките?

Но, наместо да добиеме конкретни одговори на прашањата, професорката ни одговори со линк до текст на „Инфомакс“, а во меѓувреме го избришала статусот.

И мајката на починатото момче, Сузаната Тренчевска, (како што самата се претстави) во еден од коментарите ја потврди информацијата за смртта, без да даде дополнителни детали за причината, единствено што напиша е дека е тешко да се биде родител во оваа „држава“ без поддршка на „институциите“.

„Детето е Јован, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел“, пишува мајката на Јован во коментар.

Од МВР за ЦИВИЛ Медиа велат дека момчето починал поради повреди настанати од пад од висина.

„На 12.03.2023, во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј. Т. (18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина“, велат од МВР.

Страшно е тоа што лични трагедии се злоупотребуваат за дневно политички препукувања и префрлање на вината. Медиумите не може да се обвинуваат зошто не објавуваат за самоубиства, бидејќи тоа не е јавен интерес. Да, медиумите може да отворат дебата дали младите користат дроги и кои се причините и последиците од таквото конзумирање. Медимите (треба) да објавуваат за булинг и насилство во училиштата, за говорот на омразата, дискриминацијата… Во последно време се алармира и за лошто влијание на социјалните мрежи врз младите, особено „Тик-Ток“.

Младото момче нека почива во мир, а истрагата да утврди која е причината за смртта. А, во меѓувреме ајде сите заедно да работиме да спречиме ново згаснување на млад живот.

Дехран Муратов

Фото од Фејсбук профилот на Виолета Ачкоска

Извор: ЦИВИЛ Медиа

медиуми млад живот политички препукувања средношколец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.