Градоначалникот на Добој, Обрен Петровиќ денеска прогласи општа мобилизација на сите работоспособни мажи од 18 до 60 години, како и жени од 18 до 55 години, заради чистење на тешко оштетените делови од поплавите.
Петровиќ претходно изјави дека голем број на жители отишле во приградските населби на Добој, што бше лоша порака и до волонтерите кои од другите делови на Република Српска и БиХ доаѓаа да помогнат во чистење на градот.
Во Добој започна со работа јавната кујна за 1.500 оброци, а намирници се обезбедени за три месеци.
Полицијата на БиН ќе покрене истрага за да се утврди дали постои противзаконско трошење на средства наменети за заштита од поплавите, најави директорот на Федералната полиција, Драган Лукач.
Ситуацијата е таква што не може да се остане „нем и глув“ и некој мора да одговара.
„Доколку утврдиме постоење на кривично дело, заедно со обвинителството ќе покренеме кривична пријава“, вели Лукач.
Целта на оваа истрага е да се утврди дали постои одговорност заради огромните штети од поплавите кои во мај ја погодија БиХ, а директорот на ФУП посебно нагласи дека посебно ќе се чешла Министерството за земјоделство, водовод и шумарство, Управата за цивилна заштита и Агенцијата за водното подрачје на Сава.