Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паркови и нови автобуси-дел од Програмата за намалување на аерозагадувањето

0
By Нова ТВ on January 16, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директно справување со изворите на загадување, креирање јавна свест, од предучилишна до пензионерска возраст, промени во законите што се неопходни и имплементација на Платформа за кооординација и следење на реализација на програмата. Ова се четирите компоненти на кои се базира Програмата за намалување на аерозагадувањето.

Ова денеска го соопшти заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во Владата каде се одржа четвртиот од серијата отворени денови за иницијативи на граѓански организации, што се однесува на „Планот за чист воздух“ за 2019-та година и неговата временска рамка за спроведување.

– Целта на Програмата во 2019 година е како да стигнеме до повеќе корисници кои нема да загадуваат. Граѓаните, голем дел од нив, не сакаат да загадуваат, но за жал социјалниот стаутс е таков каков што е, а наша обврска е како да понудиме алтернатива и тоа е задача на Програмата за намалување на аерозагадувањето, рече Макрадули.

Тој информира дека во текот на овој месец ќе реализираат првите две активности.

Тоа е поврзување на студентскиот дом „Кузман Јосифовски -Питу“ во Скопје на топлинскиот оператор. Во моментов таму има 490 студенти, а загревањето е на мазут и во зимскиот период се троши 230 тони. Годишно има трошоци од  7,1 милиион денари, од кои пет милиони ги покрива државата. Со поврзувањето на топлинскиот оператор трошоците, како што рече, ќе се намалат на околу 5,3 милиони денари.

Втората активност е концептот „Зелен лист – воздух чист“. Се работи за иницијатива на Факултетот на земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет во Скопје во секоја скопска општина, односно во едно основно училиште и една градинка, да се создаде парк од студентите. Таму да се засадат садници кои се автохтони и се произведуваат во Македонија, од опитното поле на нивниот кампус кој е 63 хектари.

Шефот на кабинет на градоначалникот на Град Скопје Никола Наумоски се осврна на активностите што ги преземаа нивниот Инспекторат, на раззеленувањето, загревањето на домовите и транспортот.

Наумоски соопшти дека во следниот период ЈСП „Скопје“ треба да распише тендер за набавка на нови 40 еко автобуси на гас. Поголемиот дел од нив, како што рече, ќе бидат дводелни место двокатни и ќе превезуваат повеќе патници.

Најави дека оваа пролет ќе биде отворен нов парк зад Македонска филхармонија и на дел од покривот на Градскиот трговски центар.

Во Владата присуствуваа и претставници од повеќе невладини организации, како „Еко – свест“, „Гоу грин“, „Гринер“, „Еко скоп“ и „Еко герила“ од Тетово, кои имаа свои презентации. Изразија задоволство што се работи на оваа тема и побараа надлежните да изнајдат начин и да им помогнат на мали и микро претпријатија да го променат начинот на греење, да се работи на климатските промени, да се обезбедат монтажни живеалишта за семејствата кои живеат во субстандардни услови во скопските населби… „Еко герила“ предлага да им се помогне на претпријатијата Полошкиот регион, кои произведуваат мебел. Според нив, тие го загадуваат воздухот со тоа што се грејат на она што ќе им преостане од работата и потребно е да постават филтри. Сметаат дека потребно е да се отвори и претпријатие кое би призведувало филтри во Македонија за да не се увезуваат од други држави

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.