Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на албумот „7 Stories“ на Гоце Стевковски

0
By Нова ТВ on July 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот музички проект на реномираниот македонски тапанар Гоце Стевковски едноставно наречен Гоце Стевковски Септет во петок 05.07.2013 концертно ќе го промовира албумот „7 Stories”. Промоцијата е закажана за 21.30 часот во „Сули Ан“ во Старата Скопска Чаршија, влезот е слободен.

Албумот кој неодамна се појави под етикетата на „Пасврод продакшн“ за првпат ќе биде концертно промовиран во главниот град на РМ, Скопје. На сцената Стевковски ќе го придружуваат и Трајко Велков, Иван Иванов, Дамир Имери, Сашко Николовски, Оливер Јосифовски и Оскар Салас, како и уште некои гости изненадувања.

Гоце Стевковски, низ годините се филтрира како еден од најистакнатите македонски тапанари и перкусионисти во Македонија. Запаметен по соработката со Кирил Џајковски, Леб и сол, Архангел, Ласт експедишн, Проект жлуст, ДНО, Коџабашија, Фолтин, Бодан Арсовски и Езгија оркестра, Шаревски Квартет, Зоран Маџиров и останатите, Стевковски во 2013 година се издигнува на повисоко ниво компонирајќи го својот деби албум насловен 7 Stories заедно со повеќе етаблирани македонски музичари во проектот едноставно именуван Гоце Стевковски Септет.

7 Stories е плод на успешна соработка со Кире Кузманов, Иван Иванов, Трајко Велков, Дамир Имери, Сашко Николовски, Александар Икономов и Оскар Салас кој се јавува како гостин на некои од темите. Албумот содржи седум авторски композиции на Стевковски, снимени во Чикен меднес студиото од страна на Ален Хаџи-Стефанов. Истиот се потпишува и за миксот и мастерингот на албумот, додека за дизајнот на обвивката е одговорна Ника Гавровска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.