Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на книгата „Надвор од линијата“ од Ивана Тасев

0
By Нова ТВ on December 23, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На 25 декември, во среда, со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар (горно фоаје) ќе биде промовирана книгата на новинарката Ивана Тасев„Надвор од линијата“ (одбрани разговори), на издавачката куќа „Галикул“.

Книгата е поддржана од Министерството за култура, воведот го потпишува Гоце Смилевски, а дизајнот е на Бојан Кртолица. Промоцијата спонтано ќе се претопи во забава до полноќ, а за добрата атмосфера ќе се погрижи Ѓорѓи Јаневски со својот музички избор.

Новинарката, годинава одбележа десет години креативна работа во неделното списание „Теа Модерна“, (а 17 години севкупно како новинар), па оттаму и потребата да ги заштити од заборав некои од своите длабоки и искрени пишани дела, кои досега се објавени во тиражниот неделник. Станува збор за интервјуа со веќе добро докажани и звучни имиња од креативната македонска сцена.

„Овие редови, отскокнуваат од линијата на класично интервју и природно се преобразуваат во куси литерарни творби. Текстовите дотолку ги разоткриваат уметниците како личности, нивните форми на изразување, ставови, пориви, доблести, слабости, интимни размисли, нивната чувственост… што прави да се впиваат во еден здив.

Тие се печат на едно време. Доказ дека постои плодна и потентна сцена. Сведоштво за варијабилите на уметничка сцена во Македонија, изминативе десетина години. Своевиден уметнички тестамент. Транспарентно огледало на уметничката свест. Затоа што верувам дека постои огромна подземна желба повторно да се воспева убавината. Ова четиво може да биде од корист и на следните генерации, кои би сакале да го детектираат уметничкиот светоглед на респектибилните уметници од ова време. Бидејќи, ова е книга, како слика на едно време. Достоен стремеж кон светли нешта. Минуциозен поглед навнатре. Манифест за македонска пролет“ вели авторката Тасев.

„Невообичаено е кога една впечатлива личност и појава, каква што несомнено е Ивана Тасев, една од оние кои се забележливи и се издвојуваат веднаш и „од прва“ дури и кога се во мноштво, ја одбира онаа друга позиција, во сенка, која и служи за да фрли светлина на другиот, на соговорникот. Но, секој кој ги имал задоволството и честа да биде интервјуиран од неа, знае и нешто друго: дека таа не е само онаа која заинтересирано и љубопитно поставува прашања, таа е онаа која, секогаш суптилно, ги наведува да навлезат длабоко во настаните и оттаму да не извлечат само фактографија, туку длабоки сознанија.

– Таа е онаа која, при разговорот, ја руши бариерата, ги бара кулминативните точки, води кон ерупција во одговорите, преку своите размисли, вткаени во прашањата. Инсистира да се зачекори надвор од линијата, од предвидливото и баналното, па оттаму и самиот наслов на книгата е „Надвор од линијата“. Изборот разговори, овозможува приближување до самата Ивана Тасев, тие ги исцртуваат контурите на портретот на својата авторка, тие ја откриваат конзистентноста на нејзините ставови и размисли, јанѕи и радувања, толкувања и промислувања, тие ги бележат и нејзините осцилации, подеми и падови во расположенијата, чувствата и доживувањата, тие ги откриваат нејзините ставови и сомнежи, нејзините љубови и пасии. Оваа книга е еден долг, длабок, прониклив разговор. Разговор со соговорниците на Ивана Тасев, но пред сè, разговор со Ивана Тасев“, вели Смилевски во книгата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.