Вечерва, во 21 часот, во клубот МКЦ ќе се одржи промоција на новата книга поeзија од Тихомир Јанчовски, насловена „Староста може, а и не мора да се дочека“.
Стихови ќе читаат пријатели на авторот, меѓу кои и младиот поет Дарко Лешовски. По претставувањето на книгата се најавува и музички дел со настап на чалгаџиска група и јam session.
Новата книга на Јанчовски, читателите ќе можат да ја најдат во книжарниците на издавачот „Матица“ и на „Или-или“.
Јанчовски досега има издаден пет збирки поезија во печатено издание и уште две во електронска форма.