Ана Јовковска ќе ја претстави својата нова книга „Ехо на слободата“ утре во 20 часот во Клуб ресторанот во МКЦ.
Промоцијата е замислена како мултимедијална синтеза од разговори, музика и коктел-дружба.
Промотори се Владимир Мартиновски и Ана Мартиноска, илустрацијата на корицата е на Ване Костуранов.
На промоцијата музички перформанс ќе има Бранко Николов од „Фолтин“.