„Влакно на јазикот“ е насловот на новата книга на Тихомир Јанчовски чија промоција ќе се одржи вечерва во 21 часот во Клуб ресторанот МКЦ.
Покрај промоторот Душко Крстевски и водителот Ѓоко Здравески, стихови ќе читаат и Ненад Јолдески, Митко Гогов, Владимир Лукаш и други.
Промоцијата ќе ја отвори Сања Пановска Миланова, со нејзиниот хор.