Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп ќе се одржи промоција на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема.
Оваа набавка, како што информира Министерството за одбрана, е во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата од сојузничка Турција.
Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој ќе присуствуваат на промоцијата и ќе имаат обраќање.