Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на „Танатополитика и права“, прва книга на Вики Младенова

0
By Нова ТВ on December 22, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 25 декември, во 19.30 часот во ГЕМ Клубот ќе се одржи промоција на книгата „Танатополитика и права“ од Вики Младенова, а промотори ќе бидат Славчо Димитров и Љубомир Фрчкоски.

„Танатополитика и права“ е прва книга на Вики Младенова, односно овој текст е прилагоден за издавање по одбраната на нејзината магистерска теза „Преиспитување на принципот на универзалност на човековите права преку парадигмата на Џорџо Агамбен „гол живот“.

Книгата е издадена од издавачката куќа „Сигмапрес“, уредена од професорката Маја Бојаџиевска, со поговор на Славчо Димитров.

„Танатополитика и права“ содржи обид за „современо“ мислење на човековите права и нивната онтологија, нудејќи различни теориско-филозофски позиции на критичко мислење на современата криза на човековите права и потребата од реконструкција на заедницата, на човекот или воопшто на субјектот.

„Авторката релевантно нѐ води низ возбудите на кризата на субјектот и неговата универзалност, низ местата на дистопија и распаѓање на модерната автономија и самодетерминација на индивидуата, носител на човековите права. Места каде што се распаѓаат големите системи на политиките на сила зад кои зјае логорот и голиот живот во него. Места кои значат зачекорување кон тера икогнита на новите сингуларности и солидарност на телата во борба. Извонредно и возбудливо четиво“, вели Љубомир Фрчкоски за книгата.

„Како критика во времиња на криза на човековите права, Вики Младенова ја зграпчува кризата како конститутивна за концептот на човековите права, како сведоштво за онтолошкиот процеп во човековите права, нивната бестемелност и контингентно основоположување, притоа посочувајќи ги вкоренетите односи на моќ и доминација во самиот концепт за човекови права, и механизмите на исклучување инхерентни во дефинициите на истите. Младенова нè става, на овој начин, пред, можеби едно од клучните прашања на нашето време, прашањето за какви политики се можни после или отаде биополитиките на човековите права и негативните и исклучувачки темели на истите?“, пишува Славчо Димитров.

Вики Младенова е родена на 02.10.1991 година. Своето високо образование го завршува во Скопје, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на додипломските политички студии и потоа на пост-дипломските правни студии (Меѓународно право и односи). Покрај „Танатополитика и права“ пишувала и други пократки текстови, токму во областа на политичката филозофија, филозофијата на правото и критичката теорија.

Сега е на истражувачки престој во Пиза, на Scuola Normale Superiore, под туторство на професорот Роберто Еспозито.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.