Вечерва во конференциската сала на М6 Едукативен центар Скопје во 19 часот, ќе биде промовирана збирката поезија “Сарјечја” на Харис Силајџиќ.
Промотор на збирката ќе биде проф.др.Ферид Мухиќ, а свое обраќање ќе има и самиот автор на делото, проф.др.Харис Силајџиќ.
Промоцијата ќе биде на босански јазик, а целиот настан е во организација на Канет компани.
Харис Силајџиќ е доктор на историски науки, работел како професор на Филозофскиот факултет во Сараево и држел предавања на многу универзитети низ светот, меѓу останатите и на Харвард.
Бил и министер за надворешни работи (1990-93) и премиер во Владата на БиХ (1993-95). Од 2006. до 2010. бил член на Претседателството на БиХ.