Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовиран Преспа форум за дијалог – проект бренд на нашата држава

0
By Нова ТВ on July 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со средства од ЕУ преку ИПА 3 програмата во Преспа, местото каде беше потпишан Преспанскиот договор, идната година ќе се гради мултимедијален центар во чиј простор ќе биде лоциран и Преспа форум за дијалог – бренд по кој ќе биде препознатлив за државата.

На денешната заедничка прес-конференција со шефот на димполаматијата Никола Димитров, министерот за дијаспора Едмон Адеми истакна дека станува збор за нова иницијатива на Владата која е директно врзана со Преспанскиот договор и одблокираната евроатлантската агенда.

-Со Преспанскиот договор и демократскиот исчекор успеавме да ја вратиме меѓународната поддршка и изгубениот кредибилитет. Посакувајќи да го искористиме тој моментум се појави идејата за основање на форум кој ќе се врзува за нашата држава и ќе биде резултат на сето она што го постигнале во изминатите две години. Го нарековме „Преспа форум за дијалог“ и би го сместиле токму во тој мултимедијален центар. Ако Словенија е позната со Бледскиот форум, Хрватска по форумот во Дубровник, Швајцарија по форумот Давос, Германија по Минхенската конференција за безбедност, веруваме дека Република Северна Македонија ќе биде препознатлива по Преспа форумот за дијалог кој ќе биде идентитет и бренд исклучиво на нашата држава, рече Адеми.

Министерот Димитров вели основањето на Преспа форумот за дијалог кој би претставувал своевиден меѓународен форум за дијалог, соработка и решавање на меѓународни спорови, низ призмата на историскиот успех на Преспанскиот договор би послужил како инспирација за идните генерации при надминување на разликите и отворените прашања.

-Со Договорот се премостија тридецениските разлики меѓу двата соседа, со искажување јасна волја за зацврстување на меѓусебната доверба, градење пријателство, но и како главен двигател во процесот на развивање на стратешко партнерство и сојузништво во рамките на НАТО Алијансата и ЕУ. Се решија разликите околу името и опсегот на неговата употреба, решена е и употребата на кодовите на нашата држава. И покрај храброста и визионерството од двете страни компромисот беше овозможен и со потврдување на клучните идентитетски одредници вклучително на нашиот македонски јазик. Како што медијаторот Нимиц неодамна наведе во свое сведоштво и анализа на спорот, прифаќањето да се додаде географската одредница – придавка „Северна“ кон името Македонија беше единствено можно покрај глобалното прифаќање на идентитетот на народот дека тие се Македонци кои говорат македонски јазик. Грција се обврза да не преговара во нашите барања за членство и во други меѓународни мултилатерални и регионални организации и институции во кои и таа членува, рече Димитров.

Планот е традиционално секој 17-ти јуни кога е потпишан Преспанскиот договор да се организира форум за дијалог и соработка на кој би биле поканети голем број светски и регионални државници и јавни личности. За тоа следните месеци после изборите ќе ги дефинираме деталите согласно одлуката која новата влада после тоа ќе ја носи, а во тоа секако голема улога и координација ќе има МНР.

Адеми појасни дека проектот „ЕУ за Преспа“, ќе биде финансиран доминантно од ЕУ и со удел на нашата држава, Грција и Албанија. Вкупната сума на тој проект од ЕУ е 18 милиони евра и средства кои ќе бидат обезбедени преку фондот ИПА 3 во 2021 година. Целта на проектот е да му понуди на регионот долгорочна и одржлива економска перспектива, а со тоа и задржување на младите во самиот регион. На работата на проектот од септември лани, била ангажирана мултисекторска работна група за поддршка на Преспанскиот регион која тој ја предводи а во која членуваат заменик-министерот за надворешни работи, претставници на СЕП, МЖСП, локална самоуправа, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, советници двајца од кабинетот на претседателот на Владата.

Проектот ќе понуди подобрување на квалитетот на живот на локалното население преку изградба на нова мрежа на водоснабдување и собирање на отпадни води, како и управување со цврстиот отпад од селата околу Преспанското Езеро, промоција на одржлив туризам, велосипедски патеки околу езерото, намалена стапка на невработеност, особено кај младите, жените и другите групи. Тука спаѓа Маркова Нога граничниот премин кој ќе биде изграден со поддршка на ЕУ со сите елементи и стандарди на ЕУ, а дополнително проектот во себе ја вклучува и прекуграничната соработка која е многу вредна димензија како во рамките на зголемената соработка со нашите соседи, така и во контекст на ЕУ.

Инаку, Центарот не е само за Преспа форум за дијалог, тој би бил функционален преку целата година за да може невладини организации, медиуми, стопански комори и многу други чинители во општество да можат да ги користат тие простории за активности, иницијативи, идеи за развој на Преспанскиот регион. Практично би бил дом за сите овие што ги споменав погоре.Центарот ќе располага со конференциска сала, библиотека и читална, ресторан и затворен пазар. Во комплексот ќе бидат изградени и резиденцијални објекти – куќи во кои ќе може да се сместат 20 лица, по четворица во куќа, а ќе можат да се короистат за резиденцијален престој и за работилници

Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.