Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовиран прирачникот „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“

0
By Biljana on July 14, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двојазичен прирачник за семејства на деца со аутистичен спектар на нарушување „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“ денеска беше промовиран во кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија. Прирачникот е резултат на долгогодишна посветена работа на авторите доц. д-р Стојан Бајрактаров, доц. д-р Насер Дурмиши, д-р сци Силвана Филипова и Билјана Крстевска-Кокорманова, а негови рецензенти се доц. д-р Ана Попоска, м-р Василка Галевска – Јовчевски и м-р Дита Торте – Чиче.

Во своето обраќање на настанот, сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска истакна дека овој прирачник може да им помогне на членовите на семејствата подобро да ги разберат децата и младите со аутистичен спектар на нарушување.

„Прирачникот е многу едукативен бидејќи содржи стратегии што можат да ја подобрат комуникацијата и интеракцијата со лицата со аутистичен спектар на нарушување. Наша должност, како општество, е да не забораваме ниту еден член на нашата заедница. Различностите не треба да бидат пречка, туку можност да се истражи потенцијалот што секој поединец го носи во себе и на таков начин да направиме простор да ги искаже секој од нас своите посебности и вештини, истакна сопругата на претседателот додавајќи дека најтопло ја препорачува оваа публикација не само на членовите на семејствата кои живеат со аутизмот, туку и на целата македонска јавност“, истакна Ѓоргиевска.

Целта на промоцијата е подигнување на јавната свест за да се влијае врз промената на ставовите на луѓето кон лицата кои се различни, како и создавање на еднакви можности за сите преку помош на стручните лица за доедукација за развивање на современи третмани, помош на родителите за прилагодување на условите во домот, помош на училиштата за подобрување на условите и квалитетот на едукацијата на овие лица и создавање на услови за нивна квалитетна инклузија во општеството.

аутизам прирачник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.