Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирана монографијата по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Италија

0
By Marija Todorovska on March 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија беше промовирана Монографија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, во организација на Амбасадата на Италијанската Република во Скопје.

Министерот Бујар Османи изрази задоволство и чест што Министерството за надворешни работи денеска е домаќин на промоцијата на Монографијата која е издание на Амбасадата на Италија и каде се опфатени најзначајните моменти од историско значење за двете земји. Османи истакна дека со Италија во континуитет градиме пријателски и партнерски релации кои се одраз на меѓусебно почитување и интензивна соработка во сите сфери на општественото живеење.

“Политичките односи, детерминирани од принципиелната италијанска поддршка на аспирациите за членство на нашата држава во Европската Унија и НАТО се од особено значење, бидејќи поддршката доаѓа токму од еден од стожерите на овие организации, сметајќи ја нашата земја за клучен фактор за мирот и стабилноста во Регионот”, рече Османи.

Со издавањето на оваа  значајна публикација во облик на хронолошки пресек на билатералните релации, се заокружува одбележувањето на јубилејот во чии рамки изминатиот период беа одржани серија пригодни настани. Република Северна Македонија и Италија тридеценискиот јубилеј на воспоставени дипломатски односи го гледаат како нова појдовна точка за натамошно продлабочување на дипломатските односи и соработка како идни  рамноправни членови на европското семејство.

На денешното промовирање на монографијата свое обраќање имаа и амбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри, претседателот на парламентарна Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, претседателот на Пратеничката група на Собранието на Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италија, Елми Азири, како и првиот наш амбасадор во Италија, Виктор Габер.

Бујар Османи дипломатски односи Италија монографија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.