Алексадар Тодоровиќ активист и најголем поборник за човековите права во Словенија, денеска е пронајден мртов во градот Птуј, соопшти словенечката полиција.
Тодоровиќ е поранешен претседател на здружението кое се бори за правата на околу 25 000 луѓе на кои во 1992 година им е укинато државјанството и правото на престој во Словенија.
Според полицијата, не се откриени траги на насилна смрт, но медиумите неофицијално информираат дека станува збор за самоубисто. Тодоровиќ последен пат бил виден на 20 јануари кога е прогласен за исчезнат.