Во куќата на Оксар Писторијус во Јужна Африка, полицијата пронашла крвава палка за крикет.
Доколку се докаже дека пред да ја убие својата девојка Рива Стенкамп (мислејќи дека е крадец) ја удрал со палката, на Писторијус му се заканува кривична пријава за убиство.
Обдукцијата покажала дека освен тоа што има три прострелни рани, Рива има и повреди на главата.
И додека полицијата е убедена дека има цврсто обвинение за убиство против атлетичарот, неговото семејство во потполност застана зад него.
Неговиот татко Хенке во интервју за Телеграф рече дека не се сомнева ни најмалку дека Оскар ја убил девојката мислејќи дека е крадец кој провалил во неговиот дом.