На граничниот премин „Богородица“ кај местото Борови денеска околу 9.30 часот полицијата го лишила од слобода Г.Н. од Зелениково откако пронашла двајца мигранти од Сирија во возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки што го управувал.
Како што соопшти МВР, Г.Н. бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитиниот центар Винојуг.
– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.