Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев“ гласи само еден од десетиците наслови во српските медиуми

0
By Mirjana on November 12, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев“, „Северна Македонија: Без гласање за доверба на Владата, недостасува кворум“, „Како пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев: Еден пратеник не дојде во Собранието…“, „Владата на Заев не е соборена, опозицијата тврди дека власта киднапирала пратеник“, „Пропадна гласањето недоверба на Владата на Северна Македонија, се останува исто“…, се главни денешни наслови во српските медиуми по синоќешната политичка разврска во Собранието во Скопје.

„Северна Македонија, Пепелашка е сепак машко“ , со овој наслов Државната телевизија на Србија известува за случувањата поврзани со иницијативата за гласање (не)доверба  на Владата.

-Македонскиот премиер Зоран Заев успеа политички да ја преживее жестоката офанзива на опозицијата која само за еден глас остана покуса , за рушење на владата, откако 61-иот пратеник Кастриот Реџепи не се појави до полноќ во Собранието. Во текстот со доза на бајковитост , Реџепи се поистоветува со Пепелашка која ја снема од балот.

Утрешното издание на весникот „Политика“ на својата насловна страна  донесува – На политичката сцена во Северна Македонија се случи „политичка драма“ во која главниот протагонист Заев е спасен благодарение на „ исчезнат“ пратеник кој потоа се самопријави дека не е киднапиран, како што обвинува опозицијата.

„Блиц“ пишува „ неуспешна смена на владата на Заев“ бидејќи еден од потписниците на иницијативата за гласање недоверба се предомислил и не дошол на седницата.

„Б92“ објавува: Владејачката коалиција во Македонија го спречи гласањето за доверба на владата, кое уследи по, локалните избори.

Речиси сите текстови го нотираат фактот на премислувањето на пратеникот Реџепи, натаму ситуацијата се поврзува со исходот од локалните избори, но и се доведува во корелација со најавите за отворање на преговорите со ЕУ , до крајот на годината.

 

одгласи во српските медиуми Политичката ситуација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.