Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пропадна првиот обид за продажба на Брегалница,имаше само една понуда

0
By Нова ТВ on October 3, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ф.К. Брегалница не се продаде. И натаму останува во рацете на локалната самоуправа. Денеска во 11 часот требаше да се отворат понудите  доставени на јавниот повик за отуѓување на клубот, но постапката пропадна поради процедурални пропусти.

„ Општина Штип огласот на нашата интернет страна и во весниците го објави само на македонски јазик. Според законот требало да биде распишан и на англиски јазик. Постапката ќе биде повторена во најскоро време“, изјави за НОВА портпаролот на општината, Драган Ристов.

На првиот оглас била доставена само една понуда, која не се отворила поради законските пропусти. Комисијата одлучила пликот да остане затворен и понудата да остане запечатена се до повторување на постапката. Кој е заинтересираниот купувач на Брегалница засега останува во сферата на шпекулациите.

НОВАТВ неколку пати пишуваше за отуѓувањето на овој фудбалски клуб и објави дека бизнисмен од Турција веќе му фрлил око. Кон крајот на август во Штип пристигна и тренер од Турција, Јуксел Јесилова, кој донесе и пет нови фудбалери. Но, засега нема абер од продажбата.

jesilova-1-615x400

ФК Брегалница е во стопроцентна сопственост на Градот. Вредноста на клубот е проценета на 25.000 евра или 10 евра по акција и обврска за идниот газда од минимум годишно вложување од 300.000 евра за период од една деценија.

 

Ф.К. Брегалница Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.