Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проширувањето меѓу темите на неформалниот министерски состанок за општи работи на ЕУ

0
By Blerina Tahiri on September 28, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска и утре во шпанскиот град Мурсија ќе се одржи неформален министерски состанок на ЕУ за општи работи и кохезивна политика, на кој ќе се разговара за проширувањето на Унијата, како и за прашања поврзани со концептот „Отворена стратешка автономија“ (ОСА) и со Кохезивната политика на блокот по 2027 година, соопшти Шпанското претседателство со ЕУ.

На денешниот прв ден од средбата, фокус ќе биде ставен на дискусиите за потребата од внатрешна подготовка на ЕУ за функционирање со најмногу 36 членки, која во исто време ќе биде способна да ја зајакне поддршката за идните земји кандидати за членство, за остатокот од светот и за трети држави.

Прашањето за проширувањето ќе биде тема на работните маси, со кои ќе претседава еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, посветени на влијанието на проширувањето врз политиките на ЕУ, на концептот на постепена интеграција, односно приближување на земјите кандидати за членство до Унијата уште за време на процесот на пристапни преговори, како и за институционалните прашања што треба да се променат со цел блокот да се направи погоден за функционирање во иднина.

Проширувањето на ЕУ и концептот „Отворена стратешка автономија“ (ОСА) се меѓу главните теми во разговорите за подготовката на новата Стратешка агенда на ЕУ, која би требало да биде усвоена во текот на претседавањето на Белгија со Унијата во првата половина на 2024 година.

За време на денешниот работен ручек министрите ќе се фокусираат на подготовката на состанокот на Европската политичка заедница на 5 октомври и на неформалниот Самит на ЕУ на 6 октомври, што ќе се одржат во шпанскиот град Гранада, на кој едни и од централните теми исто така ќе бидат проширувањето и концептот ОСА.

Пред учесниците на состанокот во Мурсија, Шпанското претседателство ќе го презентира и извештајот „Отпорна ЕУ 2030 – Отпорна Европа во 2030“, како основа за размислување за дискусијата на средбата на шефовите на држави или влади на Унијата во Гранада, од аспект на прогресивниот пристап за зајакнување на отворената стратешка автономија и глобалното лидерство на блокот.

Во текот на утрешниот ден министерскиот состанок ќе продолжи со расправа за кохезивната политика на ЕУ по 2027 година, кога започнува и новата финансиска рамка на Унијата.

Шпанското претседателство со ЕУ пред министрите ќе презентира анализа за новата кохезивна политика на блокот, наречена „Кохезија 2.0“, што содржи преглед на резултатите и научените лекции од тековната Кохезивна политика, која сега функционира заедно со Механизмот за обнова и отпорност (РРФ), како клучни елементи за развој и изградба на интегрираната Унија.

Целта на анализата е новата политика на кохезија на ЕУ да може да одговори на предизвиците што претстојат пред Унијата, како зајакнување и обезбедување на избалансиран и хармоничен регионален раст, унапредување на конзистентноста и кохерентноста меѓу регионалните и националните цели и поттикнување на територијалната соработка.

Според Шпанското претседателство, со „Кохезија 2.0“ треба да се обезбеди зајакната соработка меѓу земјите членки и регионите, насочена кон реализација на проекти кои произлегуваат од нивната специфична реалност.

„Кохезија 2.0“ ЕУ Мурсија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.