Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прослава на Денот на независноста

0
By Нова ТВ on September 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред Владата утрово почна централното чествување по повод Денот на независноста, 8 Септември. Премиерот Зоран Заев во обраќањето пред бројните гости, претставници на државниот врв, дипломатскиот кор и медиумите, истакна дека стремежот за независна држава е вековниот идеал во македонската историја.

Денес, потенцира Заев, независноста која беше мечта на многу генерации, ја славиме слободни и отворени кон светот. – Денот на независноста, 8 Септември 1991 година, ќе остане запамтен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање, среќа и просперитет. Важни стратешки патокази на тој пат беа НАТО и Европската унија. Денес Република Северна Македонија е 30-та полноправна членка на Северноатлантската алијанса, како и земја која е на пат за членство во ЕУ, подвлече премиерот. Осврнувајќи се на изминатиот, како што рече, турбулентен период, но и на претстојните предизвици, приоритети и определби, Заев најави дека земјава ќе продолжи по патот што веќе го трасираше – граѓанска држава, слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници, општество за сите со европска иднина. Борбата за правда, напомена Заев, ќе биде врвна заложба. – Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Новата Влада влегува во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. Тоа ќе биде најважната приказна. Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон, порача премиерот Заев. Централното чествување пред Владата, организирано согласно сите КОВИД протоколи, почна со чинот на менување на знамињата пред платото на Владата, по што беше интонирана македонската химна. Потоа  беше прикажано видео кое испрати пораки по повод 29 години од независноста на државата. Претходно, во рамки на одбележувањето на празникот, премиерот Заев со владина делегација положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на гробиштата во Бутел. Цвеќе положи и собраниска делегација.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.