Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на лекарите: Ако не запре насилството започнуваме со протести кои нема да престанат

0
By Менче Атанасова Точи on September 18, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оставаме кратко време да се средат работите во овој тектонски изместен  здравствен систем, во спротивно  ќе започнеме со протести кои нема да завршат, порачаа на денешниот протест против насилството врз медицинските лица под мотото „Доста е!“организиран од Асоцијацијата на млади лекари специјализанти(АСМЛ) кој се случуваше во Клинички центар и во повеќе здравствени установи во државата,  а е поддржан од здруженијата на медицински сестри и стоматолози. Медицинскиот персонал на протестот излезе со транспаренти „ Не, не тепајте“, „Почитувани пациенти, ние не сме семоќни“, „Ние сме со вас“.

Од Асоцијацијата како организатори се оградија од  политички влијанија  и нагласија дека немале никакви опструкции околу организирањето на протестот. Сепак, не сакаа да застанат до политичарите и функционерите кои беа дојдени да дадат поддршка на протестот.

„Зачестените напади врз лекари и други медицински лица во здравствениот систем кој е со години урнисуван  не смеат да продолжат и ова е последна опомена. Не смее незадоволството од системот кој бил уништуван со години да се рефлектира врз медицинскиот персонал кој е најниско платен и работи во несоодветни услови. Време е да се преземат мерки бидејќи проблемите не се решаваат зад затворени врати “, изјави Ненад Лазаров претседател на АСМЛ.

Од Асоцијацијата имаат пет барања, а тоа се:

  1. Донесување на Закон за докторка дејност
  2. Законско санкционирање на напад врз здравствен работник и изедначување со напад на полицаец
  3. Итно обезбедување на секој здравствен објект ,а не селективно и тоа согласно потребите
  4. Вклучување на АСМЛ и младата лекарска полулација во планирање и организирање на здравствените политики
  5. Организирање на ефикасен систем за евиденција и санкционирање на на несодветен и непрофесионален однос од страна на здравствените работници.

Поддршка на протестот дадоа и од Синдикатот на Клинички центар и побараа обезбедување на сите здравствени установи, а не селективно само за некои. Изразија загриженост што не се вклучени во решавање на проблемите во врска со насилството врз вработените.

„Сакам да укажам дека нема да дозволивме да се наруши тоа симбиоза меѓу пациент и лекар. И после вооружениот напад на лекар не се случи ништо, нема поголема безбедност. Министерот треба да ги заштити сите подеднакво, како ние ќе ги заштитиме вработените ако не сме вклучени како чинители. Нагласувам дека не може селективно здравствените установи да се обезбедуваат, бараме 24 часовен видео надзор врз установите. Пациентите треба да разберат дека сме со нив, но не сме семоќни. Но, и вработените исто така  не смеат својата нервози, фрустрации и замор да ги манифестираат врз  пациентите“, рече Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на Клинички центар.

И министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше и го поддржа протестот против насилството. Филипче нагласи дека вработеното обезбедување на клиниките не е ефикасно за решавање на овој проблем и затоа смета дека најсоодветно решение е ангажирање на полициски службеници.

На прашањето дали можеби непотизмот и корупцијата имаат влијание врз насилството врз лекарите кое е во пораст, Филипче одговори  дека започнале кампања за враќање на довербата помеѓу пациентите и здравствените работници.

„Преземаме мерки за унапредување на здравствениот систем  и се надеваме дека ќе дадат резултати“, рече министерот Филипче, одбегнувајќи да одговори конкретно за корупцијата во здравството.

Ние мора да поработиме да ја вратиме довербата меѓу лекарите и пациентите, порачаа од Лекарската комора.

“Од идната недела се договориме четирите Комори, ( бидејќи напаѓаат и фармацевти) да правиме средби со здруженија на пациенти. Законот за докторска дејност е веќе во Собрание“, рече Калина Гривчева Старделова, претседател на Лкерската комора на РСМ.

На новинарско прашање колку претставки против лекари има во Лекарската комора, Старделова нагласи дека имаат повеќе форми за решавање на претставки против лекари и како пример го наведе случајот со починатиот Булент Ибраими за што реагираше семејството, но точниот број на претставки не го прецизираше.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.